Јирген Клоп деновиве се разделува од Ливерпул а пред два дена го имаше и своето простување од публиката на Енфилд.
Иако тој најави дека следува пауза за него, Гери Линекер предвидува која ќе биде следната работна задача односно дестинација на Германецот.
– Многу екипи ќе го бараат Клоп, но мислам дека прво тој ќе се одмори, верувам дека е навистина исцрпен како што и самиот рече. Во годините кои доаѓаат ќе има редици на заинтересирани за неговите услуги. Слушнав и гласини околу тоа дека го посакуваат за претседател на Борусија Дортмунд, тоа би било одлично за него, порача Гери Линекер.
Јирген Клоп го водеше Ливерпул од 2015 година, а успеа да освои осум трофеи, меѓу кои и првата титула по долг период, во 2020 година, трофеј во ЛШ, Светско клупско првенство и уште неколку купови за мандатот од 9 сезони.