Лига куп: Покетино може да смета на Нкунку и Чилвел, Клоп без половина тим

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, може да биде задоволен што двајца досега повредени играчи ќе му бидат на располагање за финалето во Лига купот против Ливерпул в недела на Вембли.

Според пишувањата на англиските медиуми во тимот за финалето се враќаат Кристофер Нкунку и Бен Чилвел.

Но Челси и натаму има шест фудбалери кои се на рехабилитација. Тоа се Беноа Бадијашиле, Рис Џејмс, Лесли Угочукву, Марк Кукурелја, Ромео Лавија и Весли Фофана. Неизвесен е и настапот на Тиаго Силва.

Од друта страна во можеби полоша ситуација е менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Тој за мечот со Челси не ќе може да смета на 10-на играчи.

На листата на повредени се голманот Алисон Бекер, Диого Жота, Трент Александер-Арнолд, Кртис Џонс, Доминик Собослаи, Жоел Матип, Тиаго Алкантара, Стефан Бајчетиќ. Неизвесен е и настапот на Мохамед Салах и на Дарвин Нуњез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО