Лига Европа: Вечерва се играат првите плеј-оф мечеви

Во Лига Европа (ЛЕ), второто по ранг и квалитет клупско фудбалско натпреварување, вечерва ќе се одиграат првите плеј-оф натпревари.

Меѓусебе ќе разигруваат осумте второпласирани тимови од групната фаза во ЛЕ, односно третопласираните во групите во Лигата на шампиони (ЛШ).

Двојките се: Феенорд – Рома, Галатасарај – Спарта Прага, Шахтар – Марсеј, Јанг бојс – Спортинг, Бенфика – Тулуз, Милан – Рен, Ленс – Фрајбург и Брага – Карабаг. Натпреварите почнуваат во 18.45 и во 21 часот.

Реванш натпреварите ќе се играат на 22 февруари. Осумте победници од плеј-офот ќе им се придружат на првопласираните тимови од осумте групи во ЛЕ. Ждрепката за осминафиналето е закажана за 23 февруари

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО