Кошарка – Куп на Македонија: МЗТ Скопје прв полуфиналист

Кошаркарите на МЗТ Скопје Ародром го направија првиот чекор кон одбраната на трофејот во Купот на Македонија во кошарка, „Благоја Георгиевски-Буштур“. Тие во првиот четртфинален натпревар во Битола го совладаа Гостивар со 91:76.

Гостиварци имаа сили само за едно полувреме по кое „металците“ заминаа на одмор со предност од 14 поени, 54:40. На средината од третата четвртина, МЗТ имаше предност и од 25 поени (70:45) по што дефинитивно беше скршен отпорот на гостиварци.

Во победничкиот тим најефикасен беше Харис Делалиќ со 22 поени, а Дамјан Робев, Ејасу Ворку, односно Душан Танасковиќ постигнаа по 13 коша.

Тајрс Вилијамс беше првиот стрелец на Гостивар, реализирајќи 23 поени, Џезлин Инграм даде 20, а двоцифрен број поени, по 12, постигнаа Кенет Џонс и младиот Габриел Коскоски.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО