Лига Европа: Рома, Леверкузен и Аталанта се полуфиналисти, во Марсеј се играат продолженија

Рома успеа и во вториот натпревар да го добие Милан во меѓусебната пресметка за полуфиналето од Лигата на Европа (2:1), па со севкупен резултат 3:1, патуваат во полуфиналето.

Домаќините покажаа интензитет уште во првите минути, а тоа вроди со плод во 12. минута, кога Манчини го отвори натпреварот со гол. Десетина минути подоцна, Паоло Дибала зголемува на 2:0 и ја олеснува во голема мера работата на Рома.

До крајот на средбата, Милан успеа да постигне само почесен гол, преку Габиа, но тоа се случи во самиот финиш и немаше време за нешто повеќе да се направи.

Од останатите натпревари, Вест Хем и Леверкузен одиграа 1:1, па со тој резултат, патник во полуфиналето е тимот на Леверкузен (1:3, севкупен) кој има фантастична сезона и е шампион во Бундеслигата.

Ливерпул успеа да победи кај Аталанта во Бергамо (0:1), но недоволно за пресврт и пласман во полфуиналето, така да италијанскиот претставник е полуфиналист годинава во ова натпреварување.

На четвртиот натпревар вечерва во Лига Европа, се уште се игра, Марсеј има предност против Бенфика со 1:0, но затоа што резултатот во моментот е 2:2, се играат продолженија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО