Голгетерот на Барселона, Роберт Левандовски ја доби наградата за играч на месецот во Ла Лига за февруари.
Напаѓачот победи на месечната анкета за наградата во конкуренција на Анте Будимир (Осасуна), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Маркос Љоренте (Атлетико Мадрид) и Јури Берчиче (Атлетико Билбао).
Левандовски во февруари оствари три победи и едно реми со Барселона во шпанската елита. Полскиот интернационалец погоди еднаш во победата од 3-1 над Алавес и ремито 3-3 со Гранада, а против Селта Каталонците победија со 2-1 благодарение на два негови гола.
Тој само не успеа да постигне гол во убедливата победа на неговиот тим над Хетафе од 4-0.