Тешки денови се зад Лестер, поради смртта на едно важно име во овој клуб – Крег Шекспир.
Тој му беше помошник на Клаудио Раниери и имаше запазена улога во шампионската сезона на Лестер во 2016 година, нешто кое сите долго ќе го сеќаваат.
За жал, Шекспир почина во 60 година од својот живот, а страдаше од подлата болест, тој имаше рак со кој се бореше две години. Лестер по неговото заминување, се обратија до јавноста.
– Инспиративна фигура во нашата историја. Крег беше инструментален во нашиот раст од првата лига до Премиерлигата, каде освоивме шампионска титула, а потоа стана тренер и не однесе во четвртфиналето од ЛШ. Почивај во мир, Шеки, напишаа во објавата од Лестер Сити.
View this post on Instagram