Рафаел Надал: Ех да бев 10 години помлад..

Рафаел Надал жали што не е 10 години помлад, бидејки посакува да игра во дабл конкуренција со сонародникот Карлос Алкараз.

Времето на Надал полека отчукува а по Олимписките игри, тој ќе треба да потврди кога заминува во заслужена пензија.

– Едноставно е, ние сме во различни временски рамки. Тоа е вистина. Доколку бев само 10 години помлад, ќе имавме одлично партнерство на турнирите и ќе делевме убвави моменти, но тоа сепак, нема да се случи. Имам навистина добар однос со Карлос, ние во Шпанија сме пријателски настроени, сакаме да ги делиме работите и сугурен сум дека ќе имавме добар однос. Секако дека ќе го поддржувам од дома кога ќе го гледам, му посакувам се најдобро кога ќе излезе на терен, порача Рафа Надал.

Тој одби повторно да каже збор повеќе за пензионирањето, но очигледно е дека тоа може да се случи веќе оваа година, по завршување на УС ОПЕН.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО