Ништо од Наполи: Лукаку може да остане во Англија, но не во Челси?!

Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку, изминатиот период покажа намера да се пресели во Наполи кај Антонио Конте, но тешко дека тоа ќе се оствари.

Челси многу потроши претходно на Лукаку со цел да го врати на „Стемфорд Бриџ“, а сега нормално си имаат свои побарувања за овој играч, сума на пари која за Наполи е сепак превисока.

Напаѓачот не успеа да ја врати формата која ја покажа претходно две сезони во Интер и неговата цена наскоро се очекува да падне.

Челси интензивно преговараше со Наполи, но италијанскиот тим беше порасположен за позајмица на Лукаку, отколку за перманентен договор.

Лукаку сака да се спои повторно со Конте, но тешко е за очекување дека тоа ќе се оствари. Тој се надеваше дека Осимен веќе овој период ќе има договор со ПСЖ, па ќе се ослободи простор за него во Неапол.

Но според италијански медиуми, Челси и Лукаку ќе најдат решение за трансфер, но не во Неапол, туку во Астон Вила, од каде го побарале овој фудбалер. Астон Вила е во предност бидејки ќе игра и Лига на шампионите, така да тоа им е силен аргумент за да го убедат Лукаку да им се приклучи, па на крајот ќе одлучува неговиот суд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО