Лесна победа на Швајцарија против Унгарија

Швајцарија, полесно од очекувањата ја победи Унгарија со 3:1 (2:0), во вториот натпревар во А грушпата на Европското првенство.

Швајцарците во првото полувреме ја надиграа Унгарија, а во второто, откако го издржаа притисокот на Унгарците го закчучија со гол во 91.минута.

Апсолутната доминација во првиот дел Швајцарите ја крунисаа со головите на Дуам во 12. и Ебишер во 45.минута.

Унгарците се обидоа да притиснат во вториот дел, имаа период во кој доминираа, кога успеаја со голот на Варга намалија на 2:1 во 66.минута.

Во последните 10 минути, Унгарците тргнаа во офанзива, што остави многу простор за контрите на Швајцарија. Една таква успеа да реализира Емболо во 91.минута.

Во следното коло, за четири дена, во А групата Унгарија ќе игра против Германија, а Швајцарија против Шкотска.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО