Легендарниот боксер и светски шампион во тешка категорија, Ленокс Луис изјави дека Тајсон Фјури ќе го победи Олександр Усик во борбата закажана на 18 мај во Ријад, Саудиска Арабија.
Фјури и Усик ќе ги вкрстат ракавиците во првата борба за обединување на титулите во тешка категорија, по 25 години. Последен пат кога сите појаси беа на дофат, Ленокс Луис го победи Ивандер Холифилд за шампионските појаси на ИБФ, ВБА и ВБЦ во време кога ВБО не беше призната.
– Тајсон Фјури има одлични предиспозиции, тој е висок, може да боксува од двете позиции, може да оди напред. Во моментов сметам дека е тешко да се победи поголем човек, така што секогаш ќе кажам дека поголемиот има предност, вели легендарниот Луис.