Легендата го нападна Роберто Манчини: Кукавица и лажго

За трофејниот италијански тренер Роберто Манчини работите не одат добро откако ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија дебитираше со победа на Азискиот куп, совладувајќи го Оман со 2:1 во драматичен финш. И покрај триумфот, се понапната атмосфера владее околу Роберто Манчини, кој во пресрет на натпреварот елиминираше тројца играчи кои одбија да играат на натпреварот во Катар бидејќи не беа стартери.

-Никој не може да одлучи кој ќе игра, јас избирам, изјави поранешниот селектор на Италија во прес-салата, нарекувајќи ја „многу чудна ситуација“.

Наспроти позицијата на Манчини беше Јасер Ал Кахтани, поранешна икона на арапскиот фудбал со 112 настапи и 42 гола за Зелените соколи. Поранешниот напаѓач упати критика кон италијанскиот тренер.

-Никогаш не сум сретнал покукавичка личност од него. Тој не заслужува да го води овој тим. Тој е кукавица, непочитуван и има психички комплекс

Манчини ги одби играчите кои со години и служат на Саудиска Арабија. Зошто зборува за тие тројца пред натпреварот против Оман кога средбата со нив беше пред месец и половина? Лажго. Тој вели дека ги прашал играчите дали тие беа среќни што седнаа на клупата, нормално е дека одговорот е не. Играчот кој вели да, не е амбициозен и не заслужува да биде во репрезентацијата, вели Ал Кахтани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО