Тркачката легенда од Етиопија, Кенениса Бекеле (41) ќе настапи на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, 12 години по последното учество на Игрите во Лондон 2012-та, кога го освои го четвртото место во трката на 10 км.
Бекеле потоа ги пропушти ЛОИ во Рио де Жанеиро (2016) и во Токио (2022-та), но сега е вклучен во 10-члениот етиопски атлетски тим за Париз.
На ЛОИ тој ќе настапи на маратонот на кој во последно време бележи одлични резултати. Во декември Бекеле го освои четвртото место во Валенсија, а неодамна во Лондон беше втор .
Бекеле има освоено три олимписки злата и едно сребро. Во Атина 2004 година победи на 10 км и беше втор на 5 километри, а четири години подоцна во Пекинг славеше на 5 и на 10 км.
Олимпискиот маратон во Париз е закажан за 10 август.