Лаутаро Мартинез изјави дека би сакал да игра за репрезентацијата на Аргентина на Летните олимписки игри во Париз.
– Секако дека сакам да играм на Олимпијадата. Ако ме повика Маскерано ќе бидам подготвен. Секогаш сум подготвен да и помогнам на Аргентина. Репрезентативниот дрес е сон на секое дете. Но, тоа не зависи од мене, Интер треба да ме пушти за да играм во Париз, изјави напаѓачот на „нероаѕурите“.
Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година.