Лацио има одличен резултат против Баерн пред реваншот, ПСЖ сигурен во првите 90 минути

Лацио има добар резултат по првиот натпревар против Баерн Минхен во нокаут фазата од Лигата на шампионите. По првите 90 минути, има предност со гол, која ќе ја брани во Минхен со сите сили.

Чиро Имобиле беше креаторот на победата на домаќините, кои вечерва во Рим го совладаа составот на Томас Тухел, во кое имаа и исклучување, црвен картон заработи Упамекано, а Имобиле беше сигурен реализатор од белата точка.

Иако гостите беа со доста напади, не успеаја да упатат ниту еден удар во рамки на голотна Лацио, па на крајот со резиме, ова е заслужен пораз за нив, па шансата ќе ја бараат во реваншот.

На вториот натпревар вечерва, ПСЖ играше на домашен терен против Реал Сосиедад, каде домаќините остварија победа од 2:0, со головите на Килиан Мбапе и Баркола, па во реваншот ќе патуваат со помирни глави.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО