Фудбалскиот агент Мамука Џугели, кој го застапува грузискиот фудбалер на Наполи, Квичa Кварацхелија, зборуваше за иднината на неговиот клиент кого медиумите го поврзуваат со преселба во еден од врвните европски клубови.
– Што се однесува до иднината на Квича, ние сме во постојан контакт со раководството на Наполи. Тој ќе си замине доколку некој друг клуб даде понуда која шефовите не ќе можат да ја одбијат. Не можам да зборувам за одредена сума, Де Лаурентис ќе ја одреди. Сè што правам јас е да го заштитам договорот и работата на Квича. Сè ќе стане јасно на крајот од мај, изјави Џугели за „Газета дело Спорт “.