Македонија очекувано е поразена во првиот натпревар од ЕП против селекцијата на Франција со 39:29.
Франција одигра на високо ниво во вториот дел и остварија уверлива победа, а за избраниците на Лазаров остана само да акумулираат од ова искуство за следните предизвици.
– Франција е фаворит за златото и тоа го демонстрираа. Задоволен сум од тоа како одигравме, но Франција го покажа своето ниво, секоја ваша грешка ќе биде казнета. Има многу што да се научи од нив во иднина, сега ни следува четири дена одмор и анализа пред мечот со домаќинот Германија, порача Филип Кузмановски.