Куп на Македонија во кошарка: Полуфинално „вечно дерби“ МЗТ Скопје – Работнички

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (17 часот) и Пелистер – Еуро Никел (19.30 ч.) се денешните полуфинални двојки во 32-то издание на Купот на Македонија во кошарка, „Благоја Георгиевски Буштур“ што се одржува во Битола, во салата „Боро Чурлевски“.

Бранителот на трофејот, МЗТ Скопје во четвртфиналето очекувано го совлада Гостивар со 91:76, а Работнички беше подобар од ТФТ Моцарт, 75:68.

-Сите го посакуваа полуфиналното дерби со МЗТ. Малку се истрошивме против ТФТ, но мислам дека ќе бидеме „фит“ за предизвикот против најголемиот ривал. Ќе биде прекрасно да се видат двете навивачки групи по подолго време, се надевам дека мечот ќе биде многу посетен, вели тренерот на Работнички, Горан Самарџиев.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Пелистер и Еуро Никел кои ги елиминираа Феникс 2010 (81:70), односно Чаир 2030 (87:79).

-Ќе играме против Еуро Никел, екипа која е во неверојатен шутерски ритам. Ќе биде тешко, но мора да дадеме 100 отсто од можностите. Имаме и „свежа крв“ во Амир Најт, кој полека се вклопува во нашиот систем и мислам дека ќе биде солидно засилување, изјави тренерот на пелистерци, рече тренерот на пелистерци, Дарко Радуловиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО