Екипите на Вардар и на Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија во ракомет. На денешната ждрепка за Ф4 турнирот во Скопје, Вардар во полуфиналето за противник го доби градскиот ривал Алкалоид, додека Е. Пелистер ќе се сретне со екипата на Тиквеш.
Во женска конкуренција, во полуфиналето, шампионот Ѓорче Петров за противник ќе го има Куманово, додека во второто полуфинале ќе играат Вардар и Чаир.
Завршниот турнир од Купот на Македонија, во организација на РФМ, ќе се одржи во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, од 17 до 19 мај.