Куп на Германија, финале: Баер Леверкузен – Кајзерслаутерн

Баер Леверкузен се пласира во финалето од Купот на Германија во кое ќе игра против Кајзерслаутерн, откако во полуфиналето го елиминираше второлигашот Фортуна Дизелдорф со 4:0. Кајзерслаутерн во полуфиналето во вторникот го совлада третолигашот Сарбрукен со 2:0.

Баер Леверкузен триумфира во германскиот куп во 1993 година, што е последниот голем клупски трофеј. „Фармацевтите“ последен пат играа во куп-финалето во 2020 година, кога загубија од Баерн Минхен, 2:4.

Сезонава Баер е непоразен во сите конкуренции и атакува на три титули. Тие имаат 13 бода предност на врвот во Бундеслигата и се на добар пат да стигнат до првата шампионска титула во германската лига. Во четвртфиналето на Лига Европа (ЛЕ) играат против Вест хем.

Фортуна Дизелдорф, која е на третото место во втората Бундеслига, не успеа да се пласира во првото куп-финале по 1980 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО