Куман смета дека Холандија е оштетена на мечот со Франција

Селекторот на холандската репрезентација Роналд Куман го обвини англискиот судија Ентони Тејлор и неговиот тим за ремито без голови со Франција на натпреварот од групата Д на УЕФА ЕУРО 2024 година.

На петнаесет минути до крајот, на Чави Симонс му беше поништен гол откако Тејлор и судиите од ВАР системот долго ја погледуваа снимката и дали холандскиот дефанзивец Дензел Дамфрис влијаел на францускиот голман Мајк Мењон и неговата способност да игра со топката.

Одлуката на теренот беше за офсајд, иако Дамфрис ниту се обиде да игра со топката ниту на кој било начин му пречеше на Мењон, кој само го гледаше ударот на Симонс, а голот беше поништен.

– Позицијата на Дамфрис е неправилна. Тоа е јасно. Но, тој на никаков начин не му пречи на голманот. А кога го нема тоа влијание, голот треба да биде регуларен, изјави Куман на прес-конференцијата по натпреварот.

– Дали на судиите навистина им требаа пет минути за да ја разгледаат ситуацијата? Не го разбирам тоа. За мене тој не влијаеше на играта, додаде тренерот на „лалињата“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО