Роналд Куман верува дека неговите фудбалери ќе одиграат максимално агресивно на денешниот меч со Франција во рамките на 2 коло на Европското првенство. Тој верува дека Холандија нема да се плаши и дека ќе преземе иницијатива.
– Знаеме што да очекуваме. Ќе мора да работиме многу напорно за да го постигнеме посакуваниот резултат – вели селекторот на „портокаловите“.
– Мора да играме храбро, тоа треба да биде клуч за победа. Имаме добри впечатоци од првата средба – беа дел од зборовите на Куман за порталот на УЕФА.