Еден од легендарните фудбалери на Германија, Михаел Балак, влегува меѓу критичарите на играта на „Гордиот Албион“ на тековниот европски шампионат.
-Едноставно сум разочаран од настапот на Англија. Премалку креативност. Играат премногу позиционирано. Дури и замените не прават промена на теренот – вели Балак.
– Селекторот не го најде вистинскиот стил на игра – потенцираше Балак кој еден дел од кариерата ја помина во Премиер-лигата на Англија.