Кубарси: Многу сум среќен што го одиграв мојот 100-ти настап за клубот на мојот живот

Фудбалерот на Барселона, Пау Кубарси, ги сподели своите емоции по неговиот 100-ти натпревар за Каталонците.

Дефанзивецот јубилејот го одбележа синоќа во победа од 2:0 над Гвадалахара во осминафиналето на Кралскиот куп.

-Многу сум среќен што го одиграв мојот 100-ти официјален настап за клубот на мојот живот. И тоа во Кралскиот куп, турнирот на кој дебитирав. Се надевам дека ќе има уште многу натпревари што доаѓаат, изјави Кубарси по натпреварот.

Осумнаесетгодишниот Шпанец игра за главниот тим на Барселона од 2024 година. Неговиот тековен договор е до 2029 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 80 милиони евра.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО