Крос: Верувам дека утре нема да ја завршам кариерата

Со пласманот во четвртфиналето ја постигнавме минималната цел. Главната цел е да триумфираме на ЕП, изјави германскиот фудбалски репрезентативе, Тони Крос пред натпреварот против Шпанија, утре од 18 часот, во Штутгарт.

Домаќинот на ЕП, Германија ќе игра против ривал кој според многумина оставил најдобар впечаток на шампионатот досега.

– Ќе повторам уште еднаш, летово ги играм последните натпревари на фудбалските терени. Но, верувам дека крајот нема да се случи овој петок. Како и сите во репрезентацијата, верувам во победа против силната Шпанија.

Кај сите нас постои голема желба. Мислите ни се насочени кон конечниот триумф, мислам дека сме способни за тоа, без разлика кој ќе ни биде на патот, нагласи Крос (34) кој одигра 113 натпревари за германската репрезентација и постигна 17 гола.

Германија во осминафиналето ја совлада Данска со 2:0, додека во групата беше подобра од Шкотска со 5:1 и Унгарија со 2:0, а ремизираше против Швајцарија, 1:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО