Кро Коп се враќа: Последен дуел со Федор пред крајот на легендарната кариера

По повеќе од четири години откако го објавија крајот на своите кариери, две од најголемите имиња во историјата на MMA, Мирко „Кро Коп“ Филиповиќ и Федор Емелијаненко, се подготвуваат за последен дуел. Филиповиќ (51) потврди дека ќе се бори против Емелијаненко (49) во бокс меч, нагласувајќи дека е здрав и подготвен да го заврши ова поглавје со почит.

„Федор е легенда, можеби и најголемата во историјата на боречките спортови. Не гледам причина да не прифатам,“ изјави Филиповиќ. „Здрав сум, редовно се прегледувам и сè е во ред. Не планирам ништо долгорочно – само една борба, од почит кон него и сè што сме поминале.“

Иако деталите за мечот се уште не се објавени, интересот на јавноста веќе е огромен. Овој дуел ќе биде емоционален епилог на едно од најголемите ривалства во светскиот MMA.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО