Кризата во Ливерпул се продлабочува – Клоп повторно опција?

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, се најде под сериозен притисок по серијата лоши резултати, а според англиските медиуми, раководството на клубот веќе му поставило јасен ултиматум – мора да обезбеди победи во следните неколку натпревари или ќе се соочи со отказ.

Кризата кулминираше по убедливиот пораз на „црвените“ во Лигата на шампионите, по што била одржана вонредна средба на управата на клубот. На состанокот било донесено мислење дека Ливерпул нема простор за натамошни киксови во периодот кога се решаваат најважните цели во сезоната.

Според информациите, Слот има рок од три натпревари да ја стабилизира ситуацијата и да обезбеди максимален број бодови. Во спротивно, челниците на клубот ќе почнат да разгледуваат сериозна промена на тренерската позиција.

Најинтересниот дел од веста е дека во меѓувреме Ливерпул наводно стапил во контакт со Јирген Клоп, легендарниот поранешен тренер на клубот, кој летото го напушти „Енфилд“. Засега нема конкретни преговори за негово враќање, но самиот факт дека бил остварен контакт дополнително го зголемува притисокот врз Слот.

Иако официјално од клубот сè уште даваат поддршка за холандскиот стратег, јасно е дека трпението е при крај. Падот во формата, нестабилната игра и неубедливите настапи ги загрижија навивачите и управата, а следните натпревари би можеле да бидат клучни за иднината на Слот на клупата на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО