Кристијан Велиновски продолжува во Босна: Клубот има цел – заеднички да ја оствариме

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Кристијан Велиновски ја продолжува својата кариера во шампионатот на Босна и Херцеговина. Поточно, во тимот на ГОШК Габела.

Досега тој беше дел од тимот на Сумгајт во Азербејџан, каде во Куп натпреварот заработи потешка повреда. И покрај тоа, се врати на терените побрзо од очекуваното, пред се поради трудот и желбата.

-Најмногу ја променив средината затоа што јас сум играч кој сака да се докажува. После повредата во Азербејџан, не добив шанса и можност да се прикажам во вистинско светло, рече Велиновски.

Неговиот нов тим, ГОШК Габела во моментов се наоѓа во зоната за испѓање, па токму Велиновски е играчот со кого се надеваат дека ќе бидат далеку поефикасни и ќе освојуваат повеќе бодови.

-Добив понуда од ГОШК Габела и се одлучив да ја променам средината. Клубот е добро организиран, ќе се бориме за опстанок оваа сезона, а јас дојдов со една цел – да му помогнам на тимот и да ги оствариме поставените цели, додаде Велиновски.

Велиновски кој потекнува од Делчево, значајните фудбалски чекори ги направи во Брегалница Штип, а своите квалитети ги докажа во Академија Пандев, подоцна Брера, од каде започна неговата авантура во интернационалниот фудбал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО