Креветот на кој спиел Роналдо во Љубљана ќе биде ставен на аукција

Еден словенечки хотел одлучи да го стави на хуманитарна аукција креветот на кој спиеше напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо, објави „Дејли Мејл“.

Роналдо беше во словенечката престолнина, Љубљана, на 26 март, во хотелот „Гранд плаза“, со Португалија, која одигра пријателски натпревар со Словенија.

Претставник на хотелот потврди дека креветот на кој спиел Роналдо ќе биде ставен на аукција, во хуманитарни цели, со почетна цена од 5.000 евра. Роналдо (39) на мечот со Словенија беше на теренот од почетокот и го одигра целиот натпревар.

– Бидејќи ова беше прилично посебен и уникатен настан, решивме да подготвиме уникатно изненадување во кое ќе можат да учествуваат сите навивачи. Не знаеме кога повторно ќе имаме можност Роналдо да ни биде гостин во Словенија. На специјална аукција ќе го понудиме креветот на кој кај нас спиеше ѕвездата Кристијано Роналдо. На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на настанот, се наведува во соопштението на хотелот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО