Кралот Чарлс го прогласи Дејвид Бекам за витез

Поранешната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам доби витешка титула од британскиот монарх, кралот Чарлс Трети, на свечена церемонија во замокот Виндзор.

Бекам, кој има 50 години, беше вклучен на списокот на роденденски почести и лично ја прими титулата од кралот.

-Ова е огромна чест – горд сум што ја претставував Англија и што денес ја добив оваа привилегија, изјави тој по церемонијата.

Легендарниот фудбалер остави силен белег во Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, ЛА Галакси и ПСЖ, а во дресот на Англија одигра 115 натпревари и беше капитен шест години.

Освен фудбалската кариера, Бекам е познат и по својата хуманитарна работа со УНИЦЕФ и фондацијата на Кралот Чарлс, како и по сопственоста на клубовите Интер Мајами и Салфорд Сити.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО