Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид би можел да го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок, откако изразил незадоволство од својата улога во тимот. Според италијанските медиуми, 25-годишниот напаѓач не е задоволен од минутажата и позицијата што ја има во составот на „старата дама“.
Дејвид пристигна летово од Лил како слободен играч и потпиша договор на пет години, но засега не успеа да се наметне како прв избор во нападот. Во досегашниот дел од сезоната има настапено на 12 натпревари и постигна само еден гол.
Иако новиот тренер Лучано Спалети најавува можност за ротации и нови шанси за некои фудбалери, иднината на Дејвид во Торино останува неизвесна. Можно е Јувентус да прифати понуда за него веќе во јануари, доколку пристигне соодветна финансиска оштета.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: