Крафт ја продолжи доминацијата

Австриецот, Стефан Крафт, победи на големата скокалница во американскиот зимски центар Лејк Плесид во натпревар од Светскиот куп во скијачки-скокови. Тој собра 281,6 поени со скокови од 130,5 и 126,0 метри.
Тоа е негова осма победа во сезонава и 38-ма во кариерата. Второто место го поделија Филип Раимунд (Германија) и Ловро Кос (Словенија).
Во трката за Големиот кристален глобус води Крафт со 1236 бодови пред Андреас Велингер (Германија) со 1027 и Јапонецот Роју Кобајаши со 1021 бод. Светскиот шампионат во ски-скокови ќе се пресели наредниот викенд во Сапоро, Јапонија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО