Кожув и Вардар со важни победи во битката за опстанок

Кошаркарите на Кожув и Вардар извојуваа нови важни победи во трката за опстанок во домашното кошаркарско првенство. Во новото коло денеска, екипата на Бардар замина како победник од гостувањето во Охрид, откако славеше со 72:80 како гостин.

„Црвено-црните“ предводени од Фуџет кој средбата ја заврши со 29 поени успеаја да дојдат до голема победа со која и натаму ги задржуваат шансите во битката за двете места кои обезбедуваат место во елитата и следната сезона.

Кошаркарите на Кожув, пак, против ФМП Академија ја обезбедија осмата победа во овој круг и на три кола пред крајот веќе го обезбедија своето место во елитата и следната сезона. Кожув денеска во Скопје славеше со 85:90 со одлична партија на Марковиќ кој постигна 29 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО