Кошарка: Естонците засилени за мечот во Скопје

Машката кошаркарска репрезентација на Естонија го одреди составот од 14 кошаркари со кои ќе допатува на мечот со Македонија во Скопје на 23 февруари, во квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2025 година.

Првиот собир Естонците го закажаа за Талин на 19 февруари, кога започнува новиот квалификациски циклус. Селекторот Јука Тојала на располагање ќе има познати играчи во репрезентацијата. Меѓу повиканите се и двајцата кошаркари на евролигашот Басконија, Маик-Калев Котсар и Сандер Раиесте.

-Македонија има познати имиња, но кога и да одите да играте со нив, треба да размислуваме кој странски играч ќе не’ чека. Моментално во ростерот тие имаат двајца странски играчи, Ти Џеј Шортс, против кого игравме во Талин, а ново име е Итан Хап. Мораме да бидеме подготвени за двете опции и да направиме план за игра, изјавил Тојала.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО