Првиот човек на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, бил крајно изненаден од заминувањето на тренерот, Маурицио Сари, веднаш по поразот од Удинезе во Серија „А“.
Сари претходно јавно негодуваше поради трансферната политика во клубот а чашата веројатно ја прели елиминацијата од Лигата на шампионите и последниот пораз на домашен.
– Заминувањето на Сари ме шокираше. По првите лоши искуства мора да преземете одговорност. Многу лесно си даде оставка, тоа го прави губитник – вели претседателот на Наполи.