Консеисо: Артета го навредуваше моето семејство, како Гвардиола!

Во текот на натпреварот, имаше неколку „жешки“ моменти меѓу двајцата тренери, Сержо Консеисо од Порто и Микел Артета од Арсенал. По последниот судиски свиреж тие ја продолжија „дискусијата“ пред да бидат разделени.

-Тоа што Артета го кажа на шпански кон нашата клупа беше навреда за моето семејство. Тоа мора да се карактеристики на шпански тренери бидејќи истата ситуација беше и со Пеп Гвардиола.

Тој го навреди моето семејство. Подобро е за него да се фокусира на тренирање на својот тим, бидејќи поради индивидуалниот квалитети на играчите има обврска да работи повеќе и подобро, изјави Консеисо на прес-конференцијата.

Артета на пресот не сакаше да зборува за обвинувањата од Консеисо. „Немам коментар. Ви благодарам“.

Во 2020 година, Консеисо го обвини и Пеп Гвардиола дека бил „непријатен“ и употребил „грди зборови“ при поразот од Манчестер сити во ЛШ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО