Конате четири години во Реал Мадрид

Ибрахима Конате (27), како слободен играч го напушти Ливерпул, потпиша четиригодишен договор со Реал. Трансферот, кој лично го реализирал Флорентино Перез, ќе биде потврден по претседателските избори во клубот.

Конате, чија вредност е проценета од „Трансфермаркт“ на 45 милиони евра, по пет години реши да го напушти „Енфилд“.

Тој им се придружи на „Црвените“ во летото 2021 година од Лајпциг со надомест од 40 милиони евра. Оттогаш, тој стана стандарден челн на првата постава на Ливерпул, за кого постигна седум гола на 183 настапи. Освои една титула во Премиер лигата, еден ФА Куп и два Лига Купа.

Реал долго време сакаше да го доведе Конате. Тој е второто засилување во тимот дури и пред да започне преодниот рок. Одбраната беше означена како најпроблематичниот дел од тимот, па Мурињо и Перез, пред Конате, го доведоа десниот бек Дензел Дамфрис (30) од Интер за 20 милиони евра.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО