Комплетирани осминафинални пресметки на Светското клупско првенство

По одигрувањето на завршното коло синоќа во Групата Х, познати се сите 16 учесници и осумте осминафинални парови на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД.

Четири бразилски клубови, Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе, се квалификуваа во осминафиналето, во кое место изборија и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Интер, Монтереј, Манчестер Сити, Челзи, ПСЖ, Ал Хилал и Интер Мајами.

28 јуни: Палмеирас – Ботафого; Бенфика – Челзи

29 јуни: ПСЖ – Интер Мајами; Фламенго – Баерн Минхен

30 јуни: Интер – Флуминенсе; Манчестер Сити – Ал Хилал

1 јули: Реал Мадрид – Јувентус; Борусија Дортмунд – Монтереј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО