Венсан Компани (38), легендарниот дефанзивец на Манчестер сити и на Белгија, е новиот тренер на Баерн Минхен. На клупата на еден од најголемите клубови во светот седна тренер со само четиригодишно тренерско искуство.
Неговата прва работа беше во родниот Андерлехт во 2020 година. Со најголемиот белгиски клуб за две сезони го освои третото и четвртото место во првенството, и играше во финалето од купот.
Потоа во летото 2002 година го презеде Барнли. Во првата сезона го освои првото место во Чемпионшип со 101 бод и се пласира во Премиер лигата од која сезонава испадна забележувајќи само пет победи. Нему му пресуди малиот буџет и недоволно квалитетната екипа.
Компани има репутација на интелигентен, детален и прониклив тип. Ова го потврдува инсајдерот на Баерн, Георг Холцнер, новинарот на Кикер кој напиша:
– За време на кратките преговори со Макс Еберл, членот на одборот задолжен за спорт и со спортскиот директо, Кристоф Фројнд, Компани со експресна анализа дојде до истиот заклучок како Томас Тухел, кога го презеде тимот пред една година и Ралф Рангник кога пред еден месец преговараше со челниците на Баерн.
Компани открил и спомнал дека Баерн има три големи проблеми. Има премногу играчи кои не се на нивото на Баерн. Недостига лидер. Потребен е нов столб (рбет) на тимот.
Овие три главни проблеми мора да ги поправат Компани и Еберл. Баерн сака да ја заврши работата на пазарот и да го комплетира тимот за следната сезона најдоцна до крајот на ЕП, односно до средината на јули“.