Менаџерот на англискиот премиерлигаш Барнли, Венсан Компани суsпендиран е на два натпревара поради исклучувањето на натпреварот против Челси, на 30 март. Тој ќе мора веднаш да ја отслужи суспензијата од еден натпревар, а другиот до крајот на годината.
Компани доби црвен картон поради протестирање на одлуката на судијата, кој покрај пеналот за Челси, на играчот на Барнли, Лоренц Асињон, му покажа втор жолт картон, односно го исклучи.
Компани, поранешниот капитен на Манчестер сити (38), кој призна дека недолично се однесувал, казнет е и парично, со 10.000 фунти.
Седум играчи на Барнли беа исклучени на 32 натпревари во Премиер лигата сезонава, најмногу од сите тимови.
Средбата меѓу Челси и Барнли заврши 2:2. Барнли е претпоследен, 19-ти на табелата во Премиер лигата, на шест кола до крајот со шест бода помалку од безбедната зона. Барнли во сабота го пречекува Брајтон, без Компани на клупата.