Фудбалерите на Комо направија големо изненадување среде Фиренца откако ја совладаа Фиорентина со 2-0 во 25. коло од Серија А.
Фиорентина делуваше многу лошо на теренот, а Комо до водство стигна преку Диао во 41. минута од средбата.
Вториот гол за гостинскиот состав беше дело на Паз во 66. минута, со што Комо си обезбеди триумф од 2-0.
Комо со оваа победа скокна до 13. позиција во лигата, додека Фиорентина остана на шестото место со 42 бода.