Младиот фудбалер, Ламин Јамал, би можел да го добие дресот со бројот 10 во Барселона. Во моментов, каталонскиот клуб располага со три слободни бројки, 10, 12 и 24.
Но, шефовите на клубот се поделени по ова прашање, а некои веруваат дека тој број ќе изврши притисок врз 16-годишниот фудбалер. Последен „сопственик“ на дресот со бројот 10 во Барселона беше Ансу Фати.
Во минатото тој се наоѓаше на грбот на Лео Меси, Роналдињо, Ривалдо и на уште неколку познати фудбалери.