Досегашниот фудбалер на Унион Берлин, Леонардо Бонучи, потпиша договор со фудбалскиот клуб Фенербахче до крајот на сезоната.
Бонучи го напушти клубот од Берлин по само четири месеци, откако не се снајде баш најдобро. Тој својот престок во Унион Берлин го заврши на клупа, тој одигра само еден од последните 6-7 натпревари, што е премалку за име како Бонучи.
Унион беше елиминиран од ЛШ, а во Бундеслигата ги загуби првите 9 натпревари во последните 16 кола, па сега се 15. пласирани со три бода повеќе од зоната на елиминација.
Унион Берлин соопшто дека Бонучи го напушта клубот и дека се сели во Фенербахче.
Многумина предвидуваа дека ќе дојде до вакво слично сценарио кога Бонучи го напушти Јувентус, па одговор на тоа прашање може да даде во иднина самиот фудбаерл.