Клоп тврди: Поради двајца мои играчи, Ливерпул заштеди многу милиони

Јирген Клоп верува дека напредокот на нивни двајца млади играчи, им заштедило милиони на Ливерпул во клупската каса, а станува збор за Куртис Џонс и Харви Елиот.

Ливерпул сезонава е жесток ривал на Манчестер Сити за титулата, а како одат работите, ќе гледаме повторно битка до самиот финиш. Најинтересно во оваа битка е што и Арсенал е потценет, а е тука, на врвот.

„Црвените“ со Јирген Клоп ја освоија титулата 2019/20, а сега посакуваат уште една, со која Јирген Клоп би се простил од клубот на вистински начин, а со евентуално таа титула, Ливерпул ќе се изедначи со Манчестер Јунајтед со по 20 титули.

Околу Елиот и Џонс, тие двајца станаа интегрален дел од составот на Ливерпул, а токму Клоп се обиде да образложи дека поради нив двајца, Ливерпул заштедил милиони со тоа што не пазарувале други играчи.

– Неверојатно е како овие две момчиња напредуваа со нас, се вклопија и интегрираа со нас. Кога работите се тешки, често се случуваат позитивни работи, а тие двајца се дел од тоа. Чекорот кон првата екипа кој го направи Куртис е нестварен. Доколку моравме да ги купуваме овие момци, ќе потрошевме многу милиони, но бидејки ги имаме сега, ги заштедивме тие милиони, порача Јирген Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО