Голема понуда е на маса: Адријан Њуи има опасен предизвик за напуштање на Ред Бул?

Се чини дека на крајот од актуелната сезона, Адријан Њуи ќе ги напушти редовите на Ред Бул, кој изминатите неколку сезони успешно се справува со сите предизвици на патеките и ја гази конкуренцијата.

Но по последните случувања во Ред Бул, се најавува заминување на Њуи, а можеби и на Кристијан Хорнер и Макс Верстапен.

Астон Мартин испратиле веќе понуда до дизајнерот на Ред Бул, која била доста примамлива, па сега на Њуи е дали се гледа во друг тим или сака да се пензионира на високо ниво со Ред Бул.

Сопственикот на Астон Мартин, Лоренс Строл, веќе го подигнал улогот за баснословна цифра, која уште не се лицитира јавно, но се обидува да го убеди 65 годишниот дизајнер од Милтон Кинс да пристапи во нивните редови.

Најсилна опција за ваквото сценарио на Астон Мартин била евентуалното останување на Фернандо Алонсо, кој во минатото имаше добра соработка со Адријан Њуи, па евентуално таму може да се случи договор за трансфер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО