Ливерпул попладнево одигра 2:2 на гостувањето во Лондон кај Вест Хем и со овој резултат практично направи чекор назад во битката за титулата.
Мечот не го одбележа резултатот, туку една расправија помеѓу Јирген Клоп и „фараонот“ Мохамед Салах.
Непосредно пред Салах да влезе во игра, двајата имаа мала конфронтација која беше видлива, а фановите со право можат да бидат загрижени по една ваква слика.
Египќанецот не сакаше да коментира многу по натпреварот за оваа ситуација, туку само порача дека „Доколку сега зборувам, ќе има оган!“, а од спротивен правец, Клоп објасни дека веќе имал разговор со Мо Салах.
– Не би сакал да ви кажам какви зборови разменивме со Мо Салах, но имав со него разговор по мечот во соблекувалната и таа приказна за мене е завршена. Сметам дека истото важи и за него, порача Јирген Клоп.