Клоп потврди лоши вести: Загубивме клучен играч на повеќе месеци, не недели!

Ливерпул го загуби својот фудбалер Диого Жота на подолг период.

Најголемиот ноќен кошмар на Јирген Клоп се оствари, Португалецот е сериозен проблем и големо е прашање дали ќе успее да се опорави комплетно пред крајот на сезоната.

Пред натпреварот против Лутон во Премиер лигата, кој е на програмата утревечер од 20:30 часот, па на пресконференцијата пред мечот, Германецот ги потврди лошите вести.

– Кај Диого Жота работата е дека нема да може да игра со месеци, а не со недели. Не можам да кажам колку ќе биде отсутен и кога ќе игра. Тоа е што е, кога ги нема играчите кои се повредени, нема што повеќе да зборуваме за нив. Алисон е исто така повреден, Куртис Џонс повреден, има уште неколку повредени, па ќе видиме, порача Клоп.

Јирген Клоп ги работи последните месеци како менаџер на Ливерпул, по што најави негово заминување од Енфилд.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО