Кирјос повторно шокира! „Јас сум поинтелигентен од Новак, Роџер, Рафа и Енди“?

Ник Кирјос е познат по тоа што секогаш искрено го кажува своето мислење. Не го интересира премногу како ќе реагираат другите, дали ќе го осудат, нападнат или поддржат.

Тој уште еднаш го разбранува светот на тенисот со најновата изјава во која истакнува дека е попаметен од „големата четворка“ – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Енди Мареј!

Тој доби задача да создаде идеален тенисер. Го избра бекхендот на Ѓоковиќ, слајсот на Федерер, форхендот и физичката подготвеност на Надал, брзината на Алекс де Минор, а потоа дојде на ред интелигенцијата, по што неговите зборови брзо станаа вирални.

„Играв против Новак, Роџер, Рафа и Енди. Имам поголема тениска интелигенција од нив. Не знам дека некој во историјата на овој спорт стигнал до финалето на Вимблдон без тренер. Затоа би се избрал сам”, се насмеа Кирјос, алудирајќи на финалето од 2022 година, во кое загуби од Новак.

Австралиецот долго време беше надвор од терените поради проблеми со повреди, но наскоро ќе му се врати на тенисот. Целта му е да игра на првиот грен слем сезонава во Мелбурн.

Претходно ќе учествува на турнирот во Бризбејн каде што ќе настапи и Новак. „Една од моите цели е да играм на турнири во Австралија. Возбуден сум што ќе почнам во Бризбејн, кој е еден од моите омилени турнири“, изјави Кирјос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО