Интер Мајами пропушти победа по враќањето на Меси, Касемиро постигна автогол

Лионел Меси го одигра својот прв натпревар за Интер Мајами после завршувањето на Светското првенство. Аргентинецот не можеше да му помогне на тимот, кој одигра 2-2 против Колумбус Кру и ја пропуштија можноста за лидерската позиција во Источната конференција.

Инаку, Меси го започна натпреварот на клупата и се појави кратко по паузата во 53-тата минута, кога го замени 19-годишниот талент Даниел Пинтер. Меѓу стартерите беше Луис Суарез, кој го пропушти Светското првенство, како и ѕвезденото засилување од зимскиот преоден рок, Родриго де Пол, и најновото ѕвездено засилување, Касемиро, кој доста разочара со својот настап.

Суарез донесе водство од 1-0 во 16-та минута, додека Касемиро постигна автогол во 34-та минути. Ална повторно донесе водство на Интер Мајами, но противникот во самиот финиш на дуелот израмни на 2-2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО