Кепа Аризабалага не отпатува со тимот на Челси на претсезонската турнеја во САД. Тој доби дозвола од „сините“ да си најде нов клуб и да тренира индивидуално во Лондон.
Минатата сезона Шпанецот играше за Реал Мадрид на позајмица и би сакал да се врати во мадридскиот клуб доколку околностите со заминувањето на Лунин го остават „кралскиот клуб“ со само еден голман.
Весникот „Ас“ објави дека Реал засега не е во преговори со неговиот агент. За Кепа се чини најдобра опција е преселба во Мадрид, но тој може да ги разгледа понудите и од други тимови, За него имаше интересирање и од Саудиска Арабија.